Подготовка
1. Се матат јајцата и ванилата. Во посебен сад се мати маргаринот, солта и шеќерот и потоа се додаваат матените јајца. Посебно се мешаат брашното, пецивото и содата и се додаваат и тие во претходната смеса. Во жешка вода го вариме какаото. Сето ова го соединуваме и го ставаме во тава 20х35см и печиме на 180 С -30мин. Се лади бисквитот и се дроби.
2. На пареа се топи чоколадото и се додава еурокремот. Се миксира шеќерот и маргаринот и се додава стопената чоколада.
3. Мешаме со раце бисквитот и чоколадата. Се обликуваат топчиња со величина на орев и се става во тацна и во замрзнувач.
4. Секое топче се боцка на стапче и се макнува во чоколадо (тоа служи за лепило на топчињата). Потоа се валкаат сите во стопена чоколада и посипуваат во чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани