Дојдов до третата стотка -јубилејна рецепта. 300 рецепти не се многу ,но не се ниту малку. Затоа продолжуваме понатаму да се дружиме ... 
Ќе ве почастам со торта од два спрата направени со голема љубов и задоволство за моето Бубу,за мојата среќичка за моето СЕ.
Ете наполни и моето внуче Пепе 2 години и баба му направи торта по свој избор.
Ова е торта со која нема да згрешите ако правите роденден и ретко да остане парче за другиот ден. Брзо и лесно се прави и секогаш успева.

Кори-
1. Се матат 3 белктоци во шам и се додава 3 лажици шеќер. Потоа се додаваат жолчките,3 лажици краш, 3 лажици брашно, 1 пециво и 1 лажица масло. Сето ова лесно се меша.
2. Добиената смеса се распоредува на хартија за печење во округол плех број 26. Се печи на 180С-околу 15мин.
3. Истата постапка се повторува и со другите 3 кори.
Фил1-
1. Во длабок сад се става киселата павлака и шеќерот и сето ова се меша со шпатула.Се додава мелената плазма и убаво се соединува.
Фил 2-
1. Се мати хоплата која служи за додавање над филот 1.
2. Првата кора ја ставаме на тацна и ја преливаме со 100мл чоколадно млеко.Обилно да се впие. Филот се дели на 3 дела.Се става 1/3 од филот 1 па врз него хопла,потоа оди втората кора која е прелиена со чоколадно млеко ,фил 1 па хопла .... Се завршува со кора. Ако не се обложува тортата со фондан може да се остави фил и да се премачка со хопла.Но ако се прекрива со фондан тогаш најгоре дога кората па путер крем (путер и шеќер во прав убаво изматен) се премачкува и се обложува со фондан. Ова е првата долу торта. За горната торта само се прави по ваш избор колкава кора сакате.Јас правев со 3 јајца кора и ја сечев на три дела .Тотричето горно го печев во мало тенџере и затоа има и висина.
Декорација- Кога ја декорирав првата торта одозгора ставив во тортата 4 стапчиња од ражничи за да добие во цврстина горната торта кога ја ставив врз првата. Ако не се стават стапчиња или цевки за сок може да пропадне горната торта. Декорирав со фондан .Пред 3 дена си ги направив мечињата ,а балоните исто ги правев со фондан. Буквите беа бели и ги боев со четче намакано со златна боја.
ПС-Тортата тежеше 10 кг.
Вкусна, лесна, декоративна и сите бараа парче плус. Има грешки многу во декорацијата со фонданот ама желбата беше голема.На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани