Моето омилено јадење..ммм........

Најпрво на загреана тава/лонец се стават веќе исечканите морков, модар патлиџан, пиперка,печурките,и тиквицата се стават на малку масло да се пропржат.

Кога ќе заруменат се додава грашакот и тој малку да се пропржи (омекне), се додава оризот со постепено мешање, да не загори.
Веднаш со оризот се стават и сите зачини ( секој си прави по вкус, кој колку сака).
Па додаваме веќе зовриена вода, ставаме чашка по чашка (кога едната ќе испари додаваме следна и се така додека не биде готов оризот). 

Може да сервирате и ладно и топло, дури и без месо е одлично оди буквално со се!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови