Кога се готви рижото битно е водата со супата да се додава постепено, со постојано мешање, се додека не се свари оризот.

Во тенџере на путер се пропржува пилешкото месо зачинето со мешан сув зачин и црн бибер. Кога ќе биде готово се вади во чинија.
Во путерот каде го запрживме месото се додава кромидот се пропржува додека да добие стаклеста боја, па се додаваат печурките и морковите кои ни се ситно исецкани. Се додава путер доколку не е доволно, се промешува убаво. Кога ќе омекнат печурките се додава оризот се промешува убаво, па се додава една кутлача од супата, мешаме постојано. Кога ќе испари водата се повторува пак постапката.
Кога супата ни е на половина, се додава постепено виното, се меша додека течноста од виното да испари, па пак се продолжува со супата ... се вака додека оризот се свари. Кога ќе видиме дека е готов се трга од ринглата.
На мојот ориз му требасе околу 30 минути да се свари. Се додава пилешкото месо, свежиот магдонос или босилек, пармезанот, црниот пипер, а за сол ќе проверите затоа што супата и самата е солена.

Се сервира во длабока чинија.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови