1. Во топло млеко се додава квасецот и шеќерот и се остава да стаса.
2. Во друг сад се додаваат двете брашна просеани, солта и маслото.
3. Се замесува глатко тесто додавајки го надојдениот квасец.
4. Се покрива со платнена салвета и се остава 40мин да надојде тестото.
5. Се премесува надојденото тесто и се обликуваат топчиња кои се оставаат на хартија за печење.
6. Се оставаат да одморат уште 15 мин, па се премачкуваат со јајце и поросува со сончоглед, сусам, ким ....
7.  Се печат во загреана рерна на 180С -20мин .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани