Многу често ми се случува додека еден десерт не е целосно изеден, да подготвам нов, со тоа што во сенка веќе паѓа претходно подготвениот хахахах.
Па така од овој ароматичен и вкусен кекс ми останаа само 3 парчиња, за кој рецепт имате тука,
со мали додатоци направив прекрасни бомбици.
Добив малку поголемки 18 бомбици.

Во касерола на тивок оган ги соединуваме млекото, румот, путерот и чоколадото.
Мешаме да се изедначат.
Парчињата кекс ги ставив во нутрибулет и ги сомелив.
Трошките кекс ги соединуваме со претходно малку изладената смеса.
Убаво соединуваме.
Формираме бомбици кои ги валкаме во чоколадни трошки.
Сервираме и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани