Во еден сад со вода се ставаат компирите неизлупени да се варат.
Младиот кромид ситно се сецка и се дели белиот дел и зелениот дел.
На малку масло се става прво белиот дел од младиот кромид да се пржи. Кога ќе се испржи се става и зелениот дел.
Компирите се лупат се сецкаат на коцки и се додаваат во кромидот.
Се посолува по вкус и се додава бибер.
Овој рецепт е прилог за со секаков вид на месо и е за љубителите на младо кромидче.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови