Брза и едноставна салата.

Компирите и јајцата се варат.
Саламата и сирењето се рендаат.
Павлаката и мајонезот се соединуваат, се зачинуваат со малку црн пипер и им се додаваат краставичките-рендани.
Откако ќе изладат компирите и јајцата се почнува со подготовката т.е. редењето на салатата.
Јас употребив калап со откопчување со пречник од 26 цм..
Се рендаат компирите. Се премачкува со тенок слој од павлаката и мајонезот.
Па за втор ред рендана салама, се премачкува со смесата од павлака и мајонез.
Третиот ред е од рендано сирење и рендана белка. Се премачкува со смесата.
Целава постапка се повторува уште еднаш.
Се завршува со рендани жолчки.
Се става во фрижидер да отстои некое време и се сервира.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани