Кондензираното млеко заедно со путерот или маргаринот ставете ги на умерена рингла и мешајте додека путерот се стопи и смесата стани еднолична.

Додадете го кокосот, измешајте и оставете на страна да олади.

Медот и крем сирењето измешајте ги со жица за матење и потоа вмешајте ги во оладената смеса со кокос.

Овде е овој процес пропуштен, но секако ќе го напишам. Обландите пред филовање се премачкуваат со стопено црно чоколадо од внатрешната страна. За тоа доволно е да се стопи 100 гр чоколадо.
Филовајте ги обландите и во средината на секое топче ставете по еден цел потпечен лешник, па поклопете, притиснете убаво од сите страни и оставете на ладно неколку часа или преку ноќ убаво да се здрват.

Потоа исечете ги и секое топче со помош на нож или ножички исечете го од вишокот.

Стопете го белото чоколадото со маслото и макајте ги топчињата во него, па потоа убаво исцедени извалајте ги во кокосот.

Верзија за оној кој нема или не можи да најди рафаело обланди---
Откако ќе го приготвите филот, ставете го во фрижидер да се стегни за да можите послено да обликувате бомбици во кои ставате по еден лешник.

Наместо обланди сега бомбиците извалкајте ги убаво од сите страни во дробен корнфлекс и оставете ги 30 минути во замрзнувач убаво да се стегни корнфлексот на нив.

Потоа постапката повторно продолжува исто, се макаат во белото чоколадо па во кокосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови