Сурими стапчињата се чистат, им се отстранува фолијата, се редат во длабок сад и се полеваат со малце маслиново масло, сол и црн бибер по вкус. Ги оставаме да отстојат околу половина час.
Тиквичките ги сецкаме на кругови, ги редиме во длабок сад, зачинуваме и ги оставаме да стојат во маринада половина час.
На скара ги редиме ракчињата и тиквичките и ги запекуваме кратко.

На стапче за ражнич редиме сурими, краставичка, тиквичка, домат по редослед по избор.
Интересни на вкус, декоративни и привлечни на изглед и за јадење. Ручек- лапни голтни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови