Прво го сечеме месото на мали парчиња. Го маринираме со сите зачини и сенфот и го оставаме да одстои барем 1 час.
Зеленчукот и печурките ги сечеме на крупни парчиња (колку што се парчињата месо). Ги правиме ражничите. Ставаме наизменично месо, зеленчук и шампињони.
Ги редиме во плех на хартија за печење претходно намастена со сончогледово масло (околу 2 лажици). Ги печеме околу 30 минути на 180-200 степени. Во текот на печењето ги вртиме и од другата страна.
Од 700 грама месо излегуваат 14 ражничи.
Ражничите се убави и кога се печат на скара, но кога сакате да ги имате на вашата трпеза, а не ви се пали скара, овие ражничи од рерна се вистински избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови