Гризот е производ од пченица кој се добива од првата фаза при мелење на пченицата. Се карактеризира голема моќ на впивање, изедначена гранулација и бледо жолта боја. Има висока нутритивна вредност. Пленичниот гриз претставува природен производ без додаток на адитиви и конзерванси. Одличен е како храна за деца но и за возрасни.

Во пакување од 200г гризот претставува одлична основа или додаток на солени и благи јадења.

Погоден е при поховоње како и за приготвување на здрава детска храна, кнедли, разни кремови, алва, раванија, колачи.

Во малопродажните објекти, пченичниот гриз од Сончева Долина може да го најдете во пакување од 200г.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.