Производите од пченица доминираат на светските пазари и во прехранбената индустрија, па затоа таа и понатаму се смета за една од најзначајните житарки во светот.

Обработена на вистински начин, пченицата како најважна и најчесто користена житарка во светот не треба да изостанува од нашите трпези. Целите нејзини зрна се богати со исклучително корисни нутритиенти за нашето здравје и организам. Употребата на интегралната пченица во исхраната се исклучително значајни за енергија, имунитет и функционирањето на целиот организам.

Зрното пченица содржи протеини, јаглехидрати, масти, фосфор, калиум, магнезиум, калциум и железо. Пченичното зрно е единствено жито во кое се наоѓа каротен или провитамин А, а присутни се и витамините од групите Б, Е, Д и К.

Во 100 грама неварена пченица има 350 калории, 13 грама белковини, 2,5 грама масти и 70 грама јаглехидрати. Мастите се наоѓаат во никулците на пченицата, додека минералите се дел од лушпата на зрното. Поради тоа најдобриот и најкорисен начин за консумирање на пченицата е целото зрно.

Во малопродажните објекти, пченицата од Сончева Долина може да ја најдете во пакувања од 500г и 900г.

Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на брендот.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.