Знаете веќе дека многу сакам тиква во колачи, иако е зеленчук, па затоа и се одлучив на оваа слатка варијанта на тесто со зеленчук. Мирисен и вкусен колач чија подготовка не одзема многу време, а е баш сезонски и со малку состојки.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 170 степени да ни се загрее.
2. Омекнатиот путер и шеќерот ги матиме до соединување.
3. Ги додаваме едно по едно јајцата и матиме со миксер.
4. Го додаваме сокот и кората од портокал, ванилиниот шеќер, пецивото и на крајот брашното. Соединуваме.
5. Тиквата ја рендаме или пак ја сечкаме во спирали и ја редиме во тавата за печење, па со додавање на смесата ја соединуваме насекаде да ни е распоредена.
6. Печеме околу 1/2 час, а пробуваме со чепкалка дали ни е печен колачот. Ако е сува, печен е.

Забелешка
Тиквата не ја рендав туку ја сечкав во спирализерот на Делимано. Многу штосни долги и тенки парчиња излегоа, па затоа и е позабележлива во колачот, а тоа и ми беше целта.
Го печев во мал силиконски калап за векни, а ако сакате поголема доза на пр. дупло, печете го во тавче бр.24 или 26.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани