Во млако млеко го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои.
Во друг сад ги мешаме јајцата, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне.
Нараснатото тесто го делиме на четири еднакви дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 40см. Ги премачкуваме со путер круговите со путер. Сите четири расукани и премачкани делови ги ставаме еден врз друг. Вака подготвените четири теста ги оставаме да отстојат петнаесетина мин. Со нож сечеме 12 делови (триаголници) или 16 доколку сакаме помали кифлички. Кифличките ги полниме со сирење или по желба.
Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути.
Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам и ким.
Ги печеме кифличките во загреана рерна на 200°Ц околу 18-20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани