Лубеницата исчистете ја од коските и измелете ја. Потоа исцедете ја на ситна цедалка.
Одделете дел за растворање на нишестето и во него додадете лажица шеќер.

Ставете го сокот заедно со ѕвездестиот анис во тенџере на рингла да се загрева до пред точка на вриење. Потоа тргнете го и во него со мешање додадете го раствореното нишесте. Вратете на рингла и мешајте уште 2 минути додека се згусти.

Додадете ја ванилата и сокот од лимон, измешајте и истурете во мали садови претходно исплакнати во ладна вода.

Одозгора украсете со топчиња лубеница, листови нане и шеќерна волна или пишманија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани