Многу лесен и вкусен колач кој брзо се приготвува, а со баш овие состојки никој нема да сети дека основата е со пудинг и бисквити. Разделен на повеќе луѓе кои нахнадно се јавија со импресии и желба да го добијат рецептот.

Во млекото со шеќерот се вари пудингот.

Во варениот пудинг кој сме го тргнале од рингла се додаваат маргаринот и искршеното чоколадо и се меша или миксира додека се стопат и се добие мазна структура. На крај се додаваат искршени бисквитите и убаво се мешаат.

Смесата се истура во калап 20х20 се израмнува и се остава во фрижидер додека се спреми шлаг кремот кој се работи спрема упатството на кесичката, а за тоа дополнително од наведените состојки ќе ви треба уште 125 мл ладно млеко.

Колачот се премачкува со шлаг кремот и врз него се втиснуваат парчиња ситно сечкани јаготки.

Се остава во фрижидер убаво да се стегни, па се сечи на коцки и на секоја коцка одозгора се става по половина јаготка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови