Изматете ги прво јајцата и додадете го шеќерот. Кога е добро изматено додатете ги и останатите состојки. Смесата истурете ја во подмачкано и набрашнето плехче. Печете на 180 С 25 мин.
Во мало тенџерче ставете го млекото да се грее. Посебно разматете го пудингот со шеќерот. Кога млекото е стоплено додадете го пудингот во млекото додека се свари. Кога е готов додадете 150 гр.маргарин во топлиот пудинг и добро изматете со лажица компактна смеса. Истото направете и со чоколадниот пудинг.
Ванила пудингот истурете го веднаш врз тестото.

Кога ќе биде готов пудингот од ванила, постапката за пудингот од чоколадо е иста и тој веднаш истурете го врз ванила пудингот.
Одозгора наросете со кокос и оставете целосно да се олади. Исечете го на коцки
Уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови