Еве една лесна и вкусна идеја како да ги искористите доколку ви останат вишок белки.

Подготовка
1. Белките се матат со шеќерот во цврст шам, како за торта.
2. Се додаваат бисквитите и оревите и убаво се меша.
3. Од смесата се прават топчиња со големина на орев и се редат во плех, послан со хартија за печење.
4. Со дршката од дрвена лажица се прават вдлабнувања во секое и потоа се печат околу ½ час на 120Ц.
5. Се оставаат да се оладат и потоа секое се попрскува со растопена бела чоколада, а вдлабнатината се полни со растопена црна чоколада и со по еден лешник.
*доколку не ги јадете веднаш, чувајте ги во затворена кутија за да не ви се сушат, и дури поубави се наредниот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани