Брашното измешајте со инстант пирето и додајте пециво.
Во друг сад изматете ги јајцата со јогуртот, додајте сирење, магдонос, малку сол и зејтин, се убаво промешајте за да добиете смеса.
Тепсијата за печење постелете со хартија и истурете од тестото (ако тавата е Делимано, не е потребна хартија).
Ставете да се пече на 250 степени, околу 25-30 минути.
Готовата проја сечете ја на коцки и послужете со павлака.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани