Превкусен сендвич кој е идеален за доручек.
Вака оди подготовката на 3 сендвичи.
3 кришки леб ги редиме во тавче, ставаме најпрво парче сирење, кашкавал, авокадо, парче домат. Одозгора ставаме уште едно парче леб и печеме околу 7-8 минути за лепчето да стане малку крцкаво и румено.
Во меѓувреме пржиме 3 јајца на око. Откако сендвичите се потпечени, во секој од нив ставаме по 1 јајце.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови