Спанаќот го чистиме, миеме и кинеме. Го ставаме во чашата од блендерот-Нутрибулетот.
Целерот го миеме и лупиме, па рендаме. Го додаваме во чашата.
Бананат ја лупиме и сецкаме. Ја додаваме кај останатите состојки.
Јаболката ги лупиме и дробиме. Додаваме во чашата.
Го додаваме и лимоновиот сок.
Налеваме вода по потреба и миксираме.
Од оваа доза излегуваат две чаши.
На здравје!
Одличен за енергија во овие пролетни денови!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови