Права пролетна салата, коja може да биде и лесен оброк.

Во еден сад ги ставаме маслото, солта, биберот, сенфот и лимоновиот сок.
Енергично промешуваме и оставаме на страна.
Во сад за сервирање наизменично ставаме дробени млади кромидчиња, сецкано авокадо, сецкана краставица, парчиња варени јајца, кашкавал, пченка и ситно сецкана марула.
Попрскуваме со приготвената маринада.
Постапката ја повторуваме уште еднаш.
Остатокот од маринадата го попрскуваме одозгора.
Сервираме со запечено лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани