Еве го мојот денешен предлог за брза и вкусна салата.
Секако дека состојките може да ги менувате, односно да ја прилагодите по ваш вкус.

Во касерола налеваме вода и додаваме малку сол.
Одкога е зовриена го додаваме кус кусот.
Промешуваме и покриваме со капак и оставаме да одстои 5-10 минути.
Потоа го додаваме маслиновото масло и лимоновиот сок и со вилушка промешуваме.
Може да се користи и бујон наместо вода.
Сега додаваме оригано, сол, малку бибер, ситно сецкано младо кромидче, исцеден, варен грашок, ситно сецкан црвен домат, сецкан магдонос.
Соединуваме, па додаваме мајонез.
Може да се поврзи и со кисела павлака.
Вака добиената салатаа ја ставаме во сад и ја оставаме во фрижидер 30 минути, за да се спојат вкусовите.
Сервираме врз лист марула и на долната страна на салатата ги редиме сецканите зелени маслинки.
Завршуваме со гранче магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани