Загрејте ја рерната на 180 степени.
Компирите убаво измиете ги со се лушпата, истриете ги, да излези цела нечистотија. Исушете ги, воопшто да нема влага на нив.
Ако можете одберете слични по големина.
Исечете ги на половина по должина, па секоја половина на четири парчиња.
Ставете ги во некој сад, полијте ги со маслото, зачинете ги и убаво измешајте ги.
Слободно експериментирајте со зачините се додека не го добиете вашиот омилен вкус.
Плехот прекријте го со хартија и наредете ги компирите во еден ред.
Ставете ги да се печат околу 1 час, а на половина време превртете ги.
Печете ги до убава, румена боја. Крајно тие треба да се крцкави одозгора, а внатре сочни.
Послужете ги со ваш омилен сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови