Овие меки, миризливи кравајчиња традиционално се подготвуваат во Прилеп за празникот Иванден.
Па еве денес ме вратија на едни убави времиња, кога моите деца за време на летниот распуст беа дел од оваа традиција.
Децата одат по куќите со ѓумчиња, збираат брашно, шеќер, масло, бомбони.....за потоа бабите да им месат кравајчиња.
Пеат Тајане бојање.... ехххххх убави времиња

Во топлата вода ставаме квасец, лажиче шеќер, лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка се стават ванилата, кората од лимон, маслото, шеќерот, содата, пецивото и активираниот квасец.
Се промешува со вилушка и се додаваа брашно.
Се замесува средно меко тесто.
Го покриваме и оставаме 30 минути, за да се дуплира.
Потоа на благо набрашнета маса го делиме тестото на 9-10 топчиња.
Формираме кравајчиња.
Ги редиме на малку набрашнет плех.
Со вилушка правиме шари и редиме камени бомбони.
Ги покриваме и оставаме уште 20 минути да одстојат.
Ги печиме во загреана рерна  на 200с околу 30 минути.
Сервираме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани