1. Свежите шампињони се мијат, се сечкаат, се ставаат во тавче за пржење. Се тура масло и малку сол. Се пржат додека да испари течноста која ќе ја испуштат.

2. Се додава исечканиот кромид кој малку се посолува и се пржи додека да испари и неговата течност. Потоа се ставаат зелените сечкани пиперки и пак се пржи.

3. Кога ќе омекнат пиперките, се става изренданиот домат и мешаниот сув зачин.
Се продолжува со пржење на тивок оган.

4. Пред крај се става биеното сирење исечкано на парчиња, се замешува неколку минути, се трга од оган и се наросува свеж сечкан магдонос.
Се служи топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани