Брза и лесна подготовка за пржена риба. Може да се користи за било каква риба, која нема многу коски.
Размрзнатиот лосос, се соли и наросува со мелен црн бибер. Во друг сад, се мешаат белото и пченкарното брашно. Тука се додаваат и зачините и пак, убаво се се меша заедно.
Секое парче риба убаво се валка во смесата од брашно.
На убаво загреано масло, се ставаат парчињата риба. Се пржат од двете страни, се додека не прскаат и престанат да шуштат. Многу е важно, маслото да е убаво загреано, а потоа да пржите на умерен оган.
Моите парчиња риба, јас ги послужив со батат и печен аспарагус.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови