Оваа моја идеја, излезе како добар прилог, во комбинација со печено месо. Бидејќи сакам да експериментирам со вкусовите, така испаднаа и овие тиквички, кои верувајте беа превкусни, со некој благо-кисел вкус и изразен мирис на путер и лук.
Најпрво на малку маслиново, се става ситно сецканото лукче. Доволоно е малку за да отпушти од мирисот. Потоа, тука се додава путерот и претходно излупената и исечкана на четвртини тиквичка.
Се пржи на не многу јак оган, додека тиквичката не омекне и се меша со мрдање на рачката на тавата, за парчињата тиквички да останат цели.
Во друг сад, со рачна маталка се соединуваат, сојата, оцетот, кечапот, водата и виното.
Во тавата кадешто се пржат тиквичките, наросете мелен црн бибер, малку црвен пипер и мешан сув зачин.
Потоа, додајте го теријаки сосот и прокрчкајте се заедно, додека тиквичките не добијат златникава боја и не испари течноста.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови