1. Праските се чистат од коските и се сечат. Ако сакате можете исто и да ги излупите праските. Една праска се дели на од прилика 6 делови.

2. На рингла во тавче се ставаат путерот и медот или шеќерот. Штом ќе почне да врие се додаваат праските и сокот од лимонот. Се меша полека и се оставаат праските да се пржат се додека не омекнат.

3. Бадемите се сецкаат и се печат на суво во една тава. Се додаваат бадемите во тавчето со праските и се меша убаво. Се трга тавчето од шпорет. Праските се сервираат топли со една топка ванила сладолед.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови