Рецептов вели добри биле крофниве бидејки се пржеле со затворен капак.
За љубител на прженици ко мене, секако ќе беа добри :D

Во топлото млеко додадете го квасецот и шеќерот. Изматете да се соединат.
Додадете половина од брашното, малку сол и веќе изматените јајца.
Мешајте смесата убаво да се соедини.
Додадете го преостанатото брашно, измесете и оставете да се удвои.
Тестата што треба да нараснуваат јас ги ставам во рерна на 50 степени со затвоен капак или садот во кој што е тестото го прекривам со кеса, алуминиумска фолија и сл. На тој начин го забрзувам процесот на стасување (нараснување)

Од како тестото ќе се удвои, премесете го, ставете го на работната површина и рассукајте кора со дебелина од 1см, може и помалку. Вадете форми по желба и редете ги на набрашнета површина или на крпа. Ние правевме со чаши, но може и со калапчиња по желба. Убаво нараснуваат.

Пржете во загреано масло, но не на најјако. кај нас 4 од 6 на шпоретот.
Се пржат со долната страна нагоре, прекриени со капак. Се превртуваат штом заруменат и повторно се заатвараат со капакот.

Пржени оставете ги на хартиена салфетка да се впие.

Превкусни се и солени и благи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани