Во Кина често се јаде пржен зеленчук со ориз.
Прво оризот се вари во однос 3 спрема 1 во вода. Без зачини. Така ќе прими поубаво подоцна вкусот од зеленчукот.

Прво се пржат јајцата како кајгана. Може и на путер, ќе даде убава арома.
Се тргаат на страна.
Потоа со сецканото лукче се става и сецканата брокула во вок тавата. Се пржат не повеќе од 10 мин. Ставате чаша топла вода малку се провари брокулата.
Само кратко време, брокулата треба да си остане со убава зелена боја, не преварена.
Се додава оризот, и јајцата и се промешува.
Се додава соја сосот и сол може по желба.
Чили сос ако сте љубители на лута храна.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани