Прекрасна пита која се топи в уста, делува декоративно и брзо се прави. Ви препорачувам да не користите од најтенките кори за пита зашто ќе ви биде потешко за работа, брзо впиваат и почнуваат да се кинат корите при виткање. Јас користев многу тенки кори и едвај го превиткав ролатот кој потоа треба да се сечи на парчиња и малку ме измачи, но сепак, крајниот резултат беше врвен, питата беше прекрасна, сочна и воздушеста.

Припрема

Измешајте ги сите состојки за филот (освен кашкавалот и шунката). Отворете ги корите и врз секоја кора нанесувајте по 3 лажици од филот. Гледајте да ви остани малку фил за премачкување на питата. Кога ќе стигните до последната кора, намачкајте ја со фил и преку целата површина нанесете ги кашкавалот и шунката и замотајте ги корите во форма на ролат.
Потоа отсечете ги краевите на ролатот во дебелина од околу 4 цм, а остатокот од ролатот исечете го во форма на триаголници (види слика).
Потоа на намастено тавче, наредете ги триаголниците во форма на сонце, а на средина ставете ги отсечените краеви. Доволна е големина на тавче 24 цм.
Премачкајте ја питата со останатиот фил, наросете ја средината со мешани семиња, а триаголниците со сусам. Ставете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени да се печи околу 40 минути или додека убаво не порумени. Откако ќе се испечи, оставете ја 10тина минути да одмори, па послужете.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови