Оваа пинерлија-погача е толку едноставна за подготовка, а толку е мека и вкусна.
Посебно е погодна за сите оние кои не сакаат да месат, а се вљубеници во домашно топло, миризливо пециво.

Начин на подготовка.
Во еден сад ги ставаме квасецот, шеќерот, 1 лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Во друг сад ги соединуваме брашното, солта, по желба и малку бибер и малку триена сол или оригано, кари....
Тука го додаваме млекото, втасаниот квасец, јајцето, маслото.
Сето убаво го соединува со жица за матење.
Покриваме со чиста крпа и оставаме така да се одмори 15 минути.
За тоа време ги подготвуваме останатите состојки.
Во еден сад ги соединуваме сецканиот магдонос, сецканата шунка, ренданиот морков, дробеното сирење.
Ги додаваме во садот со претходно подготвената смеса.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во тава бр 26, која претходно со четка сме ја премачкале со малку масло.
Со шпатула нежно израмнуваме.
Врз неа посипуваме семки од тиква и сусам.
Ја покриваме со чиста крпа, да одстои 10-15 минути, односно се доека не се загрее рерната на одприлика 200 степени.
Печеме околу 30 минути, односно додека зарумени.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка да се излади, па ја сечеме на 8 парчиња и ја послужуваме со јогурт, кисело млеко, кисела павлака...
Уживајте во оваа многу мека и вкусна пинерлија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани