1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад за печење нанесете путер.
2. Исечкајте ги јаболката на потенки резанки и исцедете лимон на нив за да не потемнат.
3. Во сад растопете 50г путер, додадете 5 лажици шеќер и мешајте додека не се растопи шеќерот. Ставете ја смесата во садот за печење и наредете ги јаболката едно до друго. Ставете над јаболката уште 2 лажици шеќер и 1 лажица путер исечкан на мали парчиња. Садот ставете го во рерна додека го подготвувате останатиот дел од колачот.
4. Додека јаболката се печат, подгответе го тестото. Одвојте ги белките и жолчките.
5. Во еден сад ставете ги 75г путер, 5-те лажици шеќер и мешајте со миксер додека не добиете компактна смеса. Во неа додадете ги жолчките, киселата павлака, кората од лимон и ванилиниот шеќер. Мешајте додека состојките не се соединат во мазна смеса.
6. Изматете ги белките и додадете ги на смесата. Извадете ги јаболката од рерна и наросете ги со цимет. На нив додадете ја смесата и печете 25–30 минути додека не добиете златножолта боја и кога ќе го боцнете колачот со чепкалка, на неа не останува тесто.
7. Извадете го колачот од рерна и оставете го да се олади 5 минути. Ставете над садот во кој се печеше тортата ставете сад со рамна површина и со еден брз потез преврте те ја тортата. Внимателно со претходно потчукнување одозгора се одстранува садот.
Јас печев во Делимано Алегра тркалезна тава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови