Чинам нема некој кој не ја прави и тоа најчесто за излет за први мај кога ќе се погоди во годината Велигден да е непосредно пред него, како оваа година, па така тоа е одличен и вкусен начин да се потрошат варените јајца од празникот. Еве ние како најчесто ја приготвуваме.
Ах, да... понекогаш по барање на некои од друштво наместо кромид знаеме и млад лук да здробиме.

Салатката се мие и се дроби, јајцата се лупат и се сечкаат како компирот за манџа, се дробат и кромидчињата, а краставицата на половинки кругови, зависно од дебелината и секако ако имате ротквици издробете ги во тенки ливчиња.
Сето ова се меша и се прелива со масло и киселина и сол по желба и вкус.
и да знаете, душа дало за со ракија :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани