За подготовка на пралинкиве, потребно е да се стопи чоколадата и да се прелијат калапите на стандарден начин.
Во друг сад, се помешуваат путерот од кикирики со шеќерот во прав. Се додаваат бисквитите и благо се промешува.
На ситно ренде ја рендаме белата чоколада ( тие два реда )и  ја соединуваме оваа смеса.
Калапите се кои претходно ги премачкавме со белата растопена чоколада ги вадиме од ладилникот и ги полниме со филот.
Затвараме пак со стопената чоколада и вракаме назад во ладилник.
После неколку часа ги вадиме од калапите и ги редиме во кутија во која ќе ги чуваме.
На здравје
Забелешка
Не можам да кажам колку точно излегуваат, заради формите на калапите.
Јас овие калапи што ги користам имаа многу малку простор за фил, заради нивната шуплина.
Затоа и пресек не можев да ставам заради тоа што ѕидовите се тенки, па се кршливи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови