Прво 50 гр чоколадо го растопуваме над пареа. На дното на секое калапче, силиконско ставаме по едно најмалецко лажиче чоколадо.
Оставаме да се стегни.
Сега во касерола на тивок оган ги соединуваме маслото, нутелата, млечното чоколадо, чоколадото за готвење.
Го додаваме јаткастото сецкано овошје и промешуваме.
Со топлата смеса ги полниме калапчињата.
Нежно го удираме, односно протресуваме калапот од масата, со цел убаво од смесата да навлези во калапите.
Оставаме да се стегнат, па ги вадиме од калапите.
Декорираме со малку темно растопено чоколадо и чоко машнички

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови