1. Белото чоколадо се растопува со маслото.
2. Со четка се обложува силиконски калап за пралини со 2-3 слоја од растопената чоколада и после секое премачкување се остава на ладно да се стврдне.
3. Се мешаат дулче де лече, мекиот путер и сецканите лешници и со оваа смеса се полнат пралините.
4. Се затвараат со растопеното чоколадо.
5. Силиконскот калап се става на ладно за да се стврднат пралните убаво, потоа се вадат од калапот и се служат.
*од овие состојки излегуваат отприлика 15 пралини

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани