Прво го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз да зарумени.
Додаваме сол и бибер.
Тргаме од оган и додаваме јајце и дробено бело сирење.
Сега го подготвуваме тестото.
Во топлата вода го ставаме шеќерот, лажиче брашно и квасецот.
Промешуваме и оставме да се активира.
Потоа во вангличката додаваме сол, масло, млеко, половина изматено јајце,и промешуваме со вилушка.
Постепено додаваме од брашното и замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме тестото и го оставаме да се дуплира.
Втасаното тесто го делиме на 4 топки.
Секоја топка ја расукуваме во мала коричка.
Две корички ги премачкуваме со путер.
Ставаме на две места по две корички.
Од првото купче сучиме кора, малку поширока од тавчето каде ќе ја печиме питата.
Врз кората ставме фил.
Израмнуваме.
Од второто купче сучиме кора, која ја поставуваме врз филот.
Краевите ги виткаме како витка.
Со остар нож питата ја засекуваме на 8 триаголници.
Премачкуваме со јајце.
Наизменично посипуваме сусам и лен врз питата.
Сега ја загреваме релната, а за тоа време питата втасува некои 10 минути.
Печиме во загреана релна на 200 с околу 30 минути.
Сервираме топла.
.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани