Прави зимски бомбици со празничен вкус..

- Смоквите се накиснуваат во вода околу 30 минути за да омекнат.
- Кокосовото масло заедно со чоколадата се топи на пареа.
- Омекнатите смокви и сокот од портокал се блендира до мазна смеса, се додаваат зачините и кората од портокал.
- Во поголем сад се соединуваат мелените кекси, смесата од смокви и растопената чоколада.
- Смесата се остава 30 минути во фрижидер да се стегне.
- Се формираат бомбици кои се валкаат во сомелениот кекс.
Мене ми испаднаа околу 12 бомбици.

Напомена
Бомбиците може да се валкаат во кокос, рендана чоколада итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови