Во колачов нема некоја сложеност, сите состојки ги ставаме во еден сад, промешуваме и печеме. А кога се пече, со својот мирис што го шири, само потсетува дека празници се ближат. За вкусот да коментирам или....ај ќе си го пробате.

Подготовка
1. Ги промешуваме брашното, пецивото и шеќерот.
2. Лешниците ги сечкаме и заедно со сувото грозје и брусницата ги додаваме кон сувите состојки.
3. Рендаме морков и ѓумбир како и корите од портокал и лимон.
4. Додаваме цимет, маслото и сокот од цеден портокал па целата смеса ја соединуваме со лажица.
5. Ја истураме во калап за ролат, кој го намрсуваме и набрашнуваме.
6. Го печеме во загреана рерна околу 35 минути на 180 степени.

Забелешка
Ѓумбир секогаш имаме дома, најчесто го чувам во замрзнувач. Чашата што ја користам е од 250 мл, односно користам пластични делимано мерици на кои се обележани деловите од чаша. Калапот што го користев за печење е делимано силиконски калап, па не го намрсував и набрашнував. Освен лешниците можете да ги насечкате и брусниците и сувото грозје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани