Одлично мезе кое оди со се. Ова буквално ни беше ручек вчера со сопругот заедно со една голема салата од марула иако не планирав така хехе. Јас имав 5 парчиња биено сирење, ама не беа многу големи. Начинот на поховање е многу едноставен, го нема јајцето и презлата и искрено мене најубаво ми е вака.

Подготовка

Испрпелкајте ги парчињата биено сирење во брашното и ставете ги на сосема малку масло да се пржат од двете страни додека убаво не поруменат.
После пржење, оставете ги на хартија да се остстрани вишокот мрснотија.

Тартар сосот се подготвува со мешање на сите состојки и се сервира на лист од марула или во мал длабок сад.

Ова мезе оди одлично со салата марула.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови