1. Месото убаво се мие под млаз студена вода. Потоа шницлите се толчат со толчник за месо. Им ставаме сол и бибер.
2. Припремаме 3 садови за брашно, презла и јајца. Шницлите ги провлекуваме во брашно, па во јајцата и во презлата.
3. Во длабоко тавче ставаме масло, го загреваме и ги пржиме шницлите на тивко по 3мин.до златна жолта боја.
4. Се вадат шницлите на хартија за да го впијат вишокот од мрснотијата. Се сервира топло со додаток од пире, печен компир, варен компир или некој друг зеленчук.

Како додаток ѕазики сос од павлака и рендано лукче.
Наздравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани