Превкусна идеја за многуте јајца што ни остануваат од Велигден.
Се лупат јајцата и се сечат на половина. Се вадат жолчките во посебен сад. Белките пресечени на половина се поховаат во матени јајца, потоа во брашно, во презла и се пржат на многу зејтин.
На жолчките им се додава мајонез, сенф и зачини и со вилушка убаво се гмечат и соединуваат во кремаста смеса.
Со лажичка или шприц се става филот на половинките јајца и се послужува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови