Одлично, деликатесно, пикантно предјадење.
Количината на состојките не може да се одреди, а е во зависност од тоа колку пиперки ќе подготвувате.
За овие 5 пиперки употребив отприлика по педесетина грама кашкавал и сирење.
Измиете ги пиперките и на една страна пресечете ги по должина. Кашкавалот и сирењето изрендајте ги и измешајте ги.
Наполнете ги пиперките и обвиткајте ги со сланина.
Потоа стандардно - брашно, јајце, презла, но повторете ја постапката уште еднаш - јајце презла, да се добие подебел слој.
Пржете на средна температура додека не заруменат од сите страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови