Ова е еден од најпознатите и најкарактеристичните кинески десерти. Се подготвува многу едноставно, а вкусот е прекрасен ... нешто слично како палачинка со банана и крем, но според мене далеку повкусно!
Јас прв пат кога ги пробав направив малку смеса и користев само 2 банани, без скептик дека нема да биде како што треба ... но се излажав, како што кажав повкусен десерт немам пробано!

Основата за овој десерт е едноставна смеса за поховање, без зачините. Јас го изменив рецептот, за да го збогатам вкусот. Додадов ванила, цимет и мускатно оревче и не погрешив, преубава е комбинацијата.

1. Се прави смеса за поховање, која треба да е погуста од тестото за палачинки.
(Не се водете строго кон мерките, се зависи од брашното)
2. Бананите се сечат еднаш надолжно и еднаш напречно и се поховаат во смесата.
3. На силен оган со добро загреано масло, се пржат бананите, макс 1 мин, односно по половина мин од двете страни, да фатат боичка и крцкава коричка.
4. Топлите банани се прелеваат со стопено чоколадо или чоколаден прелив или уште поедноставно со еутокрем и се послужуваат додека се топли.

Верувајте дека ако ви дојдат ненајавени гости, за 15 мин ќе добиете преубав десерт со кој ќе ги изненадите!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови