Класичен кекс кој во мојот крај се вика Потурено, а некаде Парен, во овој случај со додаток на кокос. Во стариот тефтер на тетка Нада запишан со шербет од вода по овие мерила и плус глазура одозгора од стопено 100 грамско чоколадо за готвење, а кај мене со мали измени - без чоколадото одозгора и мерилото на шербетот во чаши, но наместо вода се решив да го потурам со млеко, па тука е 1 чаша шеќер со 2 чаши вода шербетот, кој можи да се стопи на рингла или ладен убаво да се измеша. Јас често пати ваквите кесови ги залевам со ладен шербет, не знам што ми текна овој пат да го топлам, чинам подобри се така.

Се мати класично, прво јајцата со шеќерот до убава густина, па се намалува јачината и редоследно се додаваат останатите состојки за паднишпанот.

Комотно во тркалезна тава можи како средна мера да оди во број 28, па и 30. Јас печев во малиот Ростер 20х30.

Ваквите кексови најчесто ги печам на 160С, но зависно од рерната и како сте навикнати можи и на 180С.

Печениот кекс, се сечи на коцки и се прелива со спремениот шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови