Обожавам потпечени зеленчуци и стално си правам со тоа што имам дома. Кај овој рецепт ми е убаво што патлиџанот не е пржен, туку потпечен и тоа без масло.

Подготовка
Прво измијте го патлиџанот и исечете го на кругови. Наредете ги круговите на решетката во рерната обложена со хартија за печење и ставете ги да се потпечат.

Откако ќе се запечат, извадете ги во огноотпорен сад, наредете ги половината, попрскајте сол и маслиново масло и сецкано лукче, па наредете ги и другите парчиња и исто посолете, попрскајте маслиново масло и лукче. (Можи и вака да се јади без да го потпекувате дополнително.)

Потоа додадете ја павлаката за готвење и ставете да се потпечи.

Можи да се декорира со свеж магдонос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови