Едвај чекаме да дојде сезоната на карфиол за да го комбинираме во разни јадења. Ова е еден предлог за едноставен рецепт кој се надевам ќе ви се допадне.

Подготовка
1. Карфиолот и брокулата ги цепкаме на помали цветови.
2. Ги ставаме во зовриена солена вода да се обарат и омекнат.
3. Ги вадиме на решетка да се исцедат па ги ставаме во намрсено тавче.
4. Сланината ја сечкаме на коцки и ја пропржуваме. Ја ставаме врз зеленчукот.
5. Јајцата со павлаката ги соединуваме, а го додаваме и сечканото или дробеното сирење кон нив. Со оваа смеса го залеваме зеленчукот, па наросуваме оригано.
6. Печеме во загреана рерна на 200 степени.

Забелешка
Во хроно исхраната се конзумира во периодот на вонрестрикција.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани